Комплетни решенија од компресорска станица со третман и дистрибуција до посакуваните места. Брза и квалитетна компресорска пресметка. Комплетен третман на компримиран воздух со докажана технологија од германски производители за сите видови на индустрии.

Инсталација

Како услуга за монтирање на нови и користени компресори, при селење или преместување во постоечкиот простор, подесување за работа, како и обука за работа на истите.

Исто така, вршиме поврзување со веќе постоечки делови на компресорски станици како и модуларна замена на елементи од компресорските простории.

Одржување

Одржувањето е секогаш професионално извршено од страна на обучено сертифицирано лице од страна на германските производители, кое со својата стручна подготвеност е спремно да одговори на било каков настанат проблем.
Одговорот на пријавен проблем за сервисирање и одржување е во рокот на 24 часа. Заменетите и употребените резервни делови се од истиот производител и се поддлежни на гаранција како и самите машини компресори и додатоци. Исто така нудиме и можност за договорна соработка за превентивно одржување, надгледување и редовна контрола на системите.

Доколку нешто не функционира вршиме мерења за квалитетот на воздухот кој се користи до секоја машина како и загубите на воздух, со изготвување на извештај за мерењето според добиените податоци и решение за подобрување на усвоените недостатоци при мерењето.

Оптимизација

Доколку во текот на една континуирана работа се пронајде проблем преку системите за оптимизација во тој случај се постапува според германските регулативи за пренос и дистрибуција на воздух. Оптимизацијата најчесто настанува со воочување на проблем во системот како присуство на вода, масло, честици во вид на прашина и грутки нечистотија.

Системите за мерење и оптимизација се глобално софтверски поврзани и ги даваат отчитаните податоци во реално време, губиток на воздух, вода, масло итн, според кои на наједноставен и најбрз начин го преставуваат решението и потребата користејки ги детектираните учесници во процесот на чист воздух од компресорската станица.

Меѓу останатите услуги, нудиме и соработка за обука и дообука на Вашиот кадар, на лице место на конкретна машина(компресор,сушач итн) или систем за обработка.
Одговорот на пријавен проблем за сервисирање и одржување е во рокот на 24 часа.